top of page

НАЈНОВАТА ВАЛКАНА ПОЛИТИЧКА ИГРА НА МИЦКОВИСТИЧКОТО ДПМНЕ

Нема никакво сомневање дека оние што одат на партискиот митинг на мицковистикото дпмне пред Владата се наивни или неинформирани, со исклучок на оние кои се платени од партиската каса која е во рацете на оној кој го има печатот на партијата. Неразбирливо е, и покрај познатиот факт за мошне ниското ниво на политичка самосвест кај луѓето кои живеат во оваа држава, а кои главно се концентрирани токму во мицковистичкото дпмне, како е можно до толку да не ја препознават веќе видената валкана политичка игра од страна на нивните „војводи“.

Само пред неколку години многу од нив, токму истите кои и сега се на улицата пред Владата, заради нив, „војводите“ од белата палата (која, за жал, сеуште и после судска одлка не е конфискувана), беа тепани, изложени на шок-бомби, солзавец, водени топови и слично. Имено, станува збор за фамозната вечер кога раководството на мицковистичкото дпмне шеташе и се гоштеваше по кафеаните на Широк сокак во Битола, додека наивните и неинформираните протестираа против Преспанскиот договор, и притоа после инцидентот со полицијата доживеаја многу непријатно искуство. И трагично е што, како фарсично повторување на историјата, е можно целосно повторување на тие настани и деновиве пред Владата, среде гебелсовската и „хушкачка“ медиумска пропаганда на дувлата кои на еден или друг начин се поврзани со „војводите“ и касата на мицковистичко дпмне. Впрочем, голем дел од нив веќе и ги видовме со нивните хистерични говори и бладања преполни со дезинформации, полувистини, манипулации и слична реторика која дури и директно повикува на насилство.

Но, не смее никако да се заборави клучниот факт кој ја аргументира констатацијата за многу подлата, валкана и опасна политичка игра, измама и ефтин трик на мицковото дпмне – а тоа се изјавите на Јоханес Хан, Могерини и неколку други, во тоа време врвни функционери на ЕУ: дека Мицковски им ветил дека нема да го попречува процесот на имплементација на Преспанскиот договор! И така и беше, осумте нивни пратеници кои гласаа за промена на Уставот и шетањето по Битолскиот Широк сокак емпириски ја верификуваат доследноста на тоа ветување на Мицкоски кон ЕУ. Дополнително, изјавата на Крсто Мукоски, која за жал до денес не е истражена, дека за неговото и нивното (на осуммината тогашни пратеници на дпмне, на кое и тогаш истиот Мицкоски беше Претседател) народот и медиумите треба да го прашаат токму Мицкоски, како и некои други настани потоа, сугерираат дека и тогаш имало некакви валкани планови и договори, ветувања кон ЕУ и САД, а жртвата беше – народот; посебно оние искрени, но наивни патриоти кои и денес се доминантни на улицата пред Владата.

Уште еднаш, во што е трикот, валканата политичка игра на мицковистичкото дпмне? Па во тоа што од една страна ветиле и делувале токму спротивно на она што нивните ждановистички пропагандисти и по некој платеник (како на пример оној со а ла Викторија Сикрет ангелските крилја од т.н. „јагнешки институт“) прават: хистерично врескаат за Македонија, за патриотизам, за „последната битка за Македонија“ и слични глупости – додека за тоа време оние „војводите“, сосема извесно, со цел да не се спротивстават на ЕУ, или договориле премолчена поддршка на т.н. француски предлог, или, претпоставувам, ќе договорат (се испазарат). Од едноставна причина што сите држави во ЕУ – Германија, Франција, како и САД, дадоа поддршка на процесот (предлогот), и спротивставувањето со нив – е незамисливо за „војводите“ таму. Па, дпмне и во статутот го има впишано како стратешка цел, а еве го мигот за отпочнувњае на процесот на интеграција кон ЕУ односно исполнување и на нивната партиска цел – ЕУ. Впрочем, зарем има некој здраворазумен човек кој мисли дека Мицкоски, Тимчо Муцунски, Александар Николовски, оној од Кичево Антонио Милошовски, Влатко Ѓорчев, Сашо Клековски од МЦМС и многу други ќе се спротивстават на ЕУ и САД?!

Не, нема да се спротвстават, но заради партиски рејтинг и алчноста за власт, не смеат јавно да го кажат тоа пред нивните гласачи и патриоти, и затоа ги провоцираат (преку нивните квази ТВ и парталчиња) наивните, патриотски луѓе да протестираат со можност за инциденти, шок бомби, солзавец, и скраја да е кривичен прогон. Тоа е нивната одвратна, валкана политичка игра во која може пак да настрада обичниот народ, не тие. Тие за власт од една страна глумат патриоти, а од друга страна договараат, преговаарат, ветуваат поддршка на процесот, као што беше со Преспанскиот договор. Лицемерно, валкано, пакосно, но тоа е „началството“ на дпмне мицковистичко, од 2017 до денес, како што знаеме и од други примери (референдумот, на пример). Нивната главна цел – доаѓање на власт и државни дебело платени фотељи очигледно подразбира жртвување на наивни и искрени патриоти, впрочем, за жал, уште има многу такви и тоа е нивното главно гласачко тело. За да го задржат имиџот на ВМРО (иако се суштинска спротивност на ВМРО), симулираат патриоти, а за да не се спротивстават на ЕУ и САД, се идентични со СДСМ, ДУИ, и речиси сите други политички партии кои барем не се лицемерни и полни со валкани трикови во своето делување.

Затоа, не им верувајте, луѓе, Македонци, патриоти! Вас ќе ве тепаат ако некој нивни шпион фрли камен по полицијата, додека тие седат во луксузната бела палата, со милион евра годишен буџет.


Д-р Тони Науновски




Comments


Oliver Andonov 3.jpg

Ви благодарам што ме следите!

Пријавете се да ги добивате новите постови

Ви благодарам

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • Pinterest
bottom of page