top of page

Воведник

Почитувани,


Да се следат општествените случувања е исклучително динамична активност која е полезна заради информирање и осознавање на различните погледи и перцепции за истите. На тој начин секој од нас создава своја слика и разбирањер за општествената средина која не опкружува.


Човекот е политичко битие. Ова одамна го има заклучено Платон и во тој контекст секој од нас има не само право, туку и должност да изгради сопствен став за општествените (политички, економски, социјални, безбедносни и др.) случувања.


Во 21-от век е недозволиво да бидеме инфериорни и неинформирани за нашето социјално-политичко опкружување и да не се бориме за нашето право за јавен политички и општествен став.


Токму повикувајќи се на правото на гласност, а соочен со перфидна блокада за јавно искажување на моите ставови за разни општествено-политички и безбедносни прашања кои ја допираат Македонија, одлучив да ја отворам оваа блог страна. Едноставно нема потреба да се зависи од „добрата волја“ на некои таканеречени демократи кои кога сакаат можат да вршат притисок врз порталите да не се објавуваат нечии ставови јавно пред македонската јавност и надвор.


На овој блог дополнително ќе бидат постирани моите претходни колумни кои се зачувани во мојата архива, така што истите ќе ви бидат достапни за споредба и анализа на сегашноста и тоа што веќе е предвидено, но и за идните случувања.


Воедно ги поканувам сите оние мои пријатели кои се заинтересирани за објавување на нивни анализи и текстови да ми ги достават како нивно авторско дело.


Ви благодарам за вашето внимание и ве замолувам да ја распространите страната.


Со почит,

Вонреден професор д-р Оливер Андонов




Comments


Oliver Andonov 3.jpg

Ви благодарам што ме следите!

Пријавете се да ги добивате новите постови

Ви благодарам

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • Pinterest
bottom of page