Под сонцето ништо ново
(беседа на Дедо Герасим)
Што е внучко, што си се загрижил? „Што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?“ Мислеше дека борбата за Македонија е Холивудски блокбастер, ако Ти е за утеха многумина пред тебе го мислеа истото. И Блаже, после долги ноќни разговори, едвај ме разбра па ја изрече најголемата вистина:„Името Ви е големо, ќе сакаат да Ви го земат“! Не Ти е јасно како е можно во 21-от век, при утврдена државност, идентитет и сега и de facto автокефална црква да се прави, како би рекол народот наш, „од готово вересија“.
Ете вака, бидејќи си боговерен и знаеш дека досега светската цивилизација успеа да напише само една книга (сите други писанија се само фусноти на неа), ќе ти објаснам користејќи ја единствената книга на светот „Библијата“.
„Но, кога спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол, па си отиде / А кога израсна и донесе плод, тогаш се појави и каколот“ (Матеј 13. 25,26). Знам дека ќе се прашуваш од каде толку какол меѓу македонскиот народ. Патем, колоквијално, овој какол нашиот народ го нарекува врховизам и фанариоти, за појасно да се детерминираат предавниците во историски и современ контекст. Како што вели Светиот апостол и евангелист Матеј во беседата на Господ Иисус Христос: „кога спиеја луѓето, дојде неговиот непријател и посеа меѓу житото какол“, тоа е внучко она што постојано го зборувам – заспавме. Додека ние сонувавме за иднината на македонскиот народ и држава, „непријателите на македонскиот народ“ го посеаја каколот, кој ти добро го лоцираше во политичко-олигархиските структури кои се анационални, безбожни, единствено одани на Мамона и нивните лукративни интереси. Каколот, како што вели Св.Матеј, со раснењето на житото се појави, видливо се разликува од житото. Сега круцијално е прашањето – Што да се прави со каколот?
„А Он им рече: Човек непријател го направи тоа. Слугите, пак, му рекоа: Сакаш ли да одиме и да го исплевиме? / Но тој им рече: Не, да не би, корнејќи го каколот, да искорнете заедно со него и жито; / оставете нека расте и едното и другото заедно, до жетвата, а по жетвата ќе им кажам на жeтварите: соберето го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да се изгори, а житото приберете го во мојата житница“ (Матеј 13. 28,29,30). Знам Внучко, препознавајќи го твојот пацифизам, ќе се согласиш со овие зборови на нашиот Господ Христос, но познавајќи го менталитетот македонски „секое чудо за три дена“ повторно ќе заспиеме. Следното наше будење ќе биде во некоја друга држава со некој друг идентитет без македонска црква. Одкако израсна житото, каколот јасно се дефинира, па така нема страв дека корнејќи го каколот ќе го искорнеме и житотот. Сега, да бидеме јасни, секогаш има некоја мала колатерала, но имајќи го предвид вековниот сон, за кој што ќе мора да се разбуди за да го оствари, на македонскиот народ, таквите колатерали се ставени во графата „vis major“.
Не би сакал да ти говорам кои се непријателите на македонскиот народ, кои додека спиевме го засеаја каколот, станува збор за ноторни факти кои ќе ни одземат многу време. Основно е јасно да се определи каколот и „врзете го во снопови, за да се изгори“. Каколот, внучко, е расеан во сите сегменти на нашето општествено живеење, некои еуфемистички го именуваат како корупција, митоманија, простаклук, неграмотност и демагогија. Токму кога зборуваме за демагогијата доаѓаме до основниот какол кој треба да се искорени – политичките „елити“. Да внучко овде мислам на каколот внедрен во пазувите на политичките партии било да се власт или пак опозиција. Во основа демократијата и парламентаризмот е заради опозицијата и доколку опозицијата не ги користи го нарушува фундаментот на демократијата и станува дел од владеачката структура претворајќи го општеството во автократско. Во конкретниот случај нашите опозиционери задскривајќи се зад неинвентивните демагогии се дел од каколот кој владее со државата на штета на државата и народот. Но, да не должам многу, да го конкретизирам каколот низ три сегменти.
Власта е хермафродитен какол, бидејки тешко може да се оплоди (не знам како заврши повеќедневната дискусија во норвешкиот парламент на тема „Дали мажите можат да раѓаат“) нејзиното исчезнување од македонската политичка сцена е неминовност. Освен што коалиционите партнери не можат да се разберат меѓу себе поради што и нивната песна освен што е какафонична се повеќе наликува на лебедова песна. Во кулоарите на водечкиот какол се случуваат тешки судири, токму на темата кој е какол и кој треба да се уништи за да преживеат барем неколку слаби фиданки жито. Имено овде судирот, да бидам појасен, е помеѓу старите комунисти кои, со полно право, се вградија во создавањето на Македонија и македонскиот народ и неоскоевците, следбеници на ЛГБТ традицијата, основоположници на распадот на државата и уништување на македонскиот народ. Главниот какол, лидерот на неокомунистите, засеан на тоа место од „Човек непријател“, нит знае каде е нит зошто е. Што и да очекуваш од некого кој најголем дострел му е што ја прочитал „Зоки Поки“? Додека државата се расшива по сите рабови, одамна во банкрот, со неизвесна есен и незадоволен народ на улица, тој се воодушевува на фото сесиите со Гоолемите балкански политичари, немајќи никаква представа за што се зборува и каде ја внесува Македонија. Нему му рекле да клима со глава, тој тоа многу успешно го прави, во замена ќе добие бизниси за неговите фирми. Кога има проблеми дали во државата или неговата партија тој мудро молчи и главата в песок, но ќутукот на кој треба да биде поставена неговата глава веќе се делка.
А за пискотниците што доаѓаат од кај „Шампитата“. ?- Знам како за неокомунистите така и за неоврховистите, мала е Македонија внучко се се знае. Во „Шампитата“ куколот засаден пред повеќе од еден век никако да се искорени, дури, наспроти неокомунистите, има тенденција и да се расплодува. Според последните информации куколот неоврховистички се повеќе јавно се промовирал. Мала дигресија внучко. Ваков судир и подем на врховистите во ВМРО се случил кога бил предводен од Иван Гарванов, за штетите по Македонија од неговото дејствување, внучко, нема да те подсетувам добро ти се познати. Но, би сакал да ти потенцирам дека на чело на ВМРО, лица едуцирани од областа на природните науки биле само двајца, иста ука иста штета по Македонија, Иван Гарванов и Христијан Мицкоски. Па и овој, посеан од „Човекот непријател“ како и каколот на неокомунистите, „мудро молчи“ додека врховистите пируваат во неговиот кабинет, неспособен за ништо, без никакви политички, национални препознавања. Политичкиот дустабанлија, ја чува главата во песокот надевајќи се дека олујата ќе помине без него да го допре. Никако да разбере дека во пирот кој го распламтуваат неоврховистите, главно мени на забавата е неговата глава, ќутукот веќе се подготвува. Едноставно политичките лилипутанци, подржани од оние кои ги засадија како какол, за главна закуска ја сакаат неговата глава. Овде имаме многу интересна ситуација внучко „Војна на каколите за тронот“, но за среќа, наспроти неокомунистите, во ВМРО има и доволно чисто првокласно жито кое секако ќе го надвјаса каколот.
Веќе ти кажав внучко дека многу нешта знам. Па така знам, немој да се изненадиш, и не ме прашувај од каде знам, за тројцата војводи кои на сопствени плеќи, без никој да ги разбере и без фалби, го изработија најголемото дело во историјата на македонскиот народ. Остави ги сега митовите за Охридска Архиепископија, па Ферманот од 1767 лето господово. Основен факт е дека за прв пат македонскиот народ добива призната Автокефална Македонска Православна Црква.
Но, како и во предходните две позиции и овде какол посеан од „Човек непријател“ но и коров. Распослани во своите хациенди и луксузни џипови, нашите пастири се најдоа изненадени, некој им го ремети мирот. Колку комфорна позиција се имаше, постојано да кукаш дека никој не те признава и да живееш на измачените плеќи на народот кој од сомилост те одржува. Сега кога треба да се работи во корист на народот кој со векови ги храни, се покажа каколот во МПЦ-ОА. Ај, што одамна знаевме за каколот кој се нарекуваше ПОА, макар што и тој изненадува со разоткривањето дека всушност бил под туѓо знаме, ги манипулирал и оние кај што се продадоа. Сепак, зачудува каколот кој се изнедри од недрата на МПЦ, не дека не го знаевме но, како што не дал господ лековерни, мислевме дека нема вистина во јавните поговарања, кои како грозна реа се ширеа. Какао и во предходните два какола, и овде имаме иста состојба, додека одредени пастири војна водат со каколот, главниот пастир се крие по темните и слепи улици балкански. Согласно неговата „мудра“ стратегија, „главата в песок“, повторно не разбирајќи дека оној какол кој ја бараше “неговата глава на тацна, како главата на Св. Јован Претеча“ пронаоѓајќи созаговорници во новопројавениот какол, сега веќе го подготвува ќутукот.
Така внучко мој, каколот јасно се оддели од житото и треба да се одкорни без страв дека ќе му наштетиме на житото, напротив, на житото ќе му дадеме слободен простор за брзо да напредне и создаде клас за, со мака изнедрениот, македонски леб....Проблемот е во злото, виновноста и покајанието...Уф....5 е до 8, отидов да го гледам „Републиката во пламен“!
На денот на отците на шесте Вселенски Собори
Вонреден професор д-р Оливер Андонов
П.С. Во предвечерието на големиот национален и духовен празник на Македонија, Св.Пророк Илија – ИЛИНДЕН, ви го честитам денот на македонската државност и потсетникот на вечната нашата борба за Македонија. Да се разбудиме и никогаш повеќе да не заспиваме заборавајќи ја борбата за татковината, бидејќи борбата за Македонија е борба на секоја генерација (генерациска борба) во своето време и со актуелните предизвици на секое поле.
На сите вас кои го носите името на Св.Пророк Илија, Ви го честитам именденот и ви посакувам Господ по молитвите на Св.Илија да ве закрилува и спаси.
Нека ни е вечна татковината, да живее Македонија!
Comments