top of page

Јаболко

Почитувани пријатели во светлото на последните квази политички анализи низ медиумите и на македонската политикантска сцена со цел објаснување на законот Магнитски и новиот закон во подготовка во САД за борба против корупцијата, организираниот криминал и олигархијата на „Западен Балкан“ ви ја претставувам и ја реобјавувам на македонски јазик мојата колумна насловена како „Јаболко“. Оваа безвремена колумна која зборува токму за нашите денешни собитија иако објавена пред петнаесет месеци на англиски јази во САД во Washington insider подлист на познатиот Washington post, покажува дека грдата реалност за Македонија продолжува и цели 15 месеци подоцна ние и понатаму тонеме како држава, општество и нација. Читајќи ја колумната ќе се сретнете со истите предизвици наметнати врз Македонија од криминално-политикантските „елити“ и анти западната реторика. Сѐ како да се случува и денес.

Во продолжение уживајте во колумната, а донаторот веќе чука на портата.


Од секогаш сум се прашувал: „што е тоа во јаболкото, што човекот, векови наназад, го преставува како синоним за добро и зло“, или како би рекол Гете „доброто вчера зло е денес“.

Зошто забранетото дрво на спознанието во Едемската градина, основата за човековиот прагрев, е јаболкница? Како тоа на Исак Њутон, според легендата, токму јаболко му падна врз главата и му ја разоткри гравитацијата? Што значи синонимот на последната технолошка револуција, нагризаната јаболка на Стив Џобс?

Одговорите на прашањата уште долго, низ вековите минати и идни, ќе бидат предмет на теоретски расправи на многу мудри луѓе. Вклучувајќи се во овој очигледно, од праискона до денес, светски тренд си зедов за право јаболкото да го земам како синоним за демократијата, тој најблагороден плод од дрвото на светската цивилизација.

Излегувајќи од четиридецениската темнина земјите од Источна Европа, меѓу кои и земјите од Балканот, на поклон го добија токму тој најскапоцен плод на светската цивилизација – демократијата. Плод кој додека ја достигна својата зрелост, три векови помина низа разни Сцили и Харибди, внимателно се растеше, негуваше и обликуваше од плејада на мудри мажи. Зачната во фундаментот на човековата цивилизација, античката филосовска мисла, тој бесценет плод на човековиот ум како ракатка бисери беше истурен пред Нас – Балканските племиња. Алтруизмот понекогаш, поттикнат од преголема желба за доброчинителство, може да биде слеп, заборавајќи го она напишаното во единствената книга на светот Библијата „не ги фрлајте бисерите пред.....“.

Нашите, Балкански, племенски водачи, кои преку ноќ од сивите униформирани комунистички костуми влегоа во блескавите брендирани костуми и станаа демократи, овој поклон го фатија „во лет“. Со брзина на светлината, додека уште на плебсот не му беше јасно што се случува, поклонот го присвоија и го модифицираа според свои потреби. Балканските надрилекари го започнаа својот пир со вивисекција над кревкото општествено тело на сопствените земји, истоштено од четиридеценискиот комунистички експеримент. Нормално резултатите беа поразителни, за нас обичните смртници, лимбо состојбата беше неминовен след. Неморалот, грабежот, тортурата во контекст на остварување на лукративните цели на властодршците и олигархијата се стави на највисок државен пиедестал.

Основниот постулат на демократијата, така убаво срочена од Абрахам Линколн „влада на народот, избрана од народот и за народот“, за Балканските племенски водачи беше само параван зад кој ќе го задскријат својот некрофиличен однос кон народот. Направија орвеловска пермутација па моќта стана закон наместо законот да е моќ, доведувајќи се во состојба на „delirium tremens“ поради зголемено консумирање на недоволно ферментирани демократски процеси. Во состојба на опианетост се појави архетипот на Балканското јаболко, она Ерисиновото „јаболко на раздорот“ кое никогаш и не беше изгубено, само малку потиснато.

Добивајќи го бесценетиот плод на тацна, однесувајќи се како Саломија некогаш кога Ирод Четворовласникот и ја даде главата на Св.Јован која блеска во светоста, без некаков напор, едноставно така им се згоди, безмилосно го трошеа светиот плод на демократијата, со надеж дека сето тоа ќе трае во недоглед. Овие Балкански арамолебци, навикнати секогаш друг да им ги решава проблемите не се обидоа ниту семињата од плодот што го добија на подарок да ги соберат и ги расфрлат на плодно тло, да создадат своја градина која ќе ја негуваат и во иднина изнедрат свои добри и полезни плодови. Така е одвајвека на Балканот, секогаш проблемот, кој не го разбраа донаторите на демократијата бил: „кој ќе ги чува чуварите“? Доброчинителството на донаторите, силната желба за вклучување на Балканот во Европа и во демократските процеси, западните демократии, ги направи кусогледи, па наместо да ја почитуваат старата кинеска поговорка: „доколку некому сакаш да му помогнеш, не му давај риба, научи го да лови риба“, Тие водени од добра мисла, согласно принципите на 20-от век, ни дадоа риба, и тоа риба која племенските водачи не ја заслужуваат.

Како што обично бива, се некако кога и да е крчмарот ќе ја донесе сметката за количината на конзумирани плодови која ќе мора да се плати. Според последните процеси, тоа веќе се случи. Тогаш, одеднаш нашите племенски водачи бргу бргу се отрезнија и заблескаа во целосниот сјај на иманентната хипокризија, отворија нов бел лист хартија на кого го напишаа виновникот.

Го забележаа „виновникот“ на чистиот лист и го покажаа на плебсот. Кој е виновникот кого племенските водачи го запишаа? Секако, виновникот е донаторот! Тој беше виновен за се, за сите страдања на народот! Тогаш му се објасни на народот за „лицемерието“ на донаторот. Обвинија дека јаболкото и не било толку убаво како што навидум изгледало, внатре било гнило и црвливо. Всушност, каква генијалност, јаболкото било ГМО и не одговарало на нашите „вековни“ стандарди, и се така по ред сите можни „мудри“ измислици на нашите водачи. Во меѓувреме, плебсот заслепен од „мудроста“ на своите водачи, егзалтирано обожувајќи ги како „златно теле“ се престрои и почна да ги напаѓа донаторите за нивната „хипокризија“. Ете така, оние кои не изведоа од пустината, ни дадоа вода, племенските водачи ги заменија за „златното тело“. Преведено на дневно политички јазик, токму племенските водачи намерно предизвикуваат анти западно расположение и тоа на дневна основа, а со долгорочни последици токму врз плебсот.

Оваа сторија за „мудрите“ Балкански племенски водачи завршува како што не учи историјата. Кој благовремено не ги научил грешките од минатото, постојано ќе се враќа на првото скалило. Затоа Балканските народи, изгубени во преводот, се наредија до Естроган и Владимир, несреќниците на Семјуел Бекет, да го „Чекаат Годо“.

Наместо Годо, сигурен сум дека ќе дојде донаторот, во ново светло и со истата цел, демократијата, но овој пат ќе примени сосема други методи, инструменти и механизми за да не научи да ловиме риба, но чесно и без измами.


На денот на Св.Пантелејмон и Светите Седмочисленици Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангеларија


Вонреден професор д-р Оливер Андонов





An apple


I have always wondered: "what is it in the apple, that the mankind, many centuries ago, started perceiving it as a synonym for good and evil", or as Goethe would say "what was good yesterday is considered evil today".

Why is an apple tree the forbidden tree of knowledge in the Garden of Eden, the basis of human pre-sin? How did Isaac Newton formulate his theory of gravity by watching the fall of an apple from the tree, according to the legend? What does the synonym of the latest technological revolution, the Steve Jobs' bitten apple, mean?

The replies of the questions above will continue to be a subject of theoretical debate on many wise men. By involving myself in this worldwide trend that descent from the ancient times to the present day, I took the right to take the apple as a synonym for democracy, the most noble fruit of the world civilization tree.

Departing from the fourth decades of the darkness, the Eastern European countries, including the countries at the Balkans, have received as a gift, the most precious fruit of the world civilization - the democracy. A fruit that reached its maturity, has passed three centuries through various Scylla and Charybdis, was carefully grewed, nurtured and shaped by a constellation of wise men. Conceived in the foundation of human civilization - the ancient philosophical thought, this priceless fruit of the human mind was poured out before us - the Balkan tribes, like a shell of pearls. Altruism, sometimes driven by a great desire for charity, can be blind and neglect what is written in the unique world book, The Holy Bible, "Do not throw your pearls before ...".

Our Balkan tribal leaders who changed their gray uniformed communist costumes overnight in flashy branded costumes and became Democrats, took this gift "on the fly." With the speed of light, until it was still unclear to the plebs what was happening, they appropriated the gift and modified it according to their needs. The Balkan quacks began their feast with a vivisection over the bloody social body of their own lands, exhausted by the decades-long communist experiment. Normally, the results were overwhelming for us ordinary mortals, the limbo condition was an inevitable clue. Immorality, looting, torture in light of achieving the lucrative goals of the rulers and the oligarchy, were placed on the highest state pedestal.

The basic postulate of democracy, so beautifully worded by Abraham Lincoln, "a government of the people, elected by the people and for the people," for the Balkan tribal leaders was only a screen behind which they hid their necrophiliac attitude towards the people. They made an Orwellian permutation so the power become law instead of the opposite, and brought themselves in a state of "delirium tremens" due to increased consumption of insufficiently fermented democratic processes. In a state of intoxication, the archetype of the Balkan apple appeared, that Erisin's "apple of discord" that was never lost, only slightly suppressed.

Receiving the priceless fruit on a platter, behaving like Salome when Herod Antipas gave her the head of St. John, which shone in holiness, without any effort, it just so happened to them, ruthlessly consuming the holy fruit of democracy, hoping it will last indefinitely. These Balkan idlers, accustomed to solve their problems from time to time, did not try to collect the seeds they received as a gift nor to scatter them on fertile soil, to create their own garden to nurture and to produce their good and useful fruits in future. This has always been the case in the Balkans, thus always the problem that the donors of democracy did not understand was: "who will guard them"? The charity of the donors, the strong desire to include the Balkans in Europe and in the democratic processes, the Western democracies, made them short-sighted, so instead of respecting the old Chinese proverb: “if you want to help someone, don't give him a fish, you teach him to fish ”, they, guided by good intentions, in light with the 20th century principles, gave us a fish, the ones the tribal leaders did not deserve.

As is usually the case, one day, the innkeeper will bring the bill for the amount of fruit consumed, and it will have to be paid. According to the latest processes, this has already happened. Then, suddenly, our tribal leaders quickly sobered up and shone in the full splendor of the immanent hypocrisy, opened a new sheet of paper and wrоte down the culprit.

They noticed the "culprit" on the blank sheet and showed it to the plebs. Who was the culprit that the tribal leaders pointed out to? Of course, the culprit was the donor! He was guilty of everything, of all the sufferings of the people! Then, they explained the people about the "hypocrisy" of the donor. They complained that the apple was not as beautiful as it seemed, it was rotten and wormy inside. In fact, what a geniality, the apple was GMO and did not meet our "centuries-old" standards, etc, etc. with all possible "wise" inventions as excuses made by our leaders. Meanwhile, the plebs blinded by the "wisdom" of their leaders, worshiping them as "golden calf" reorganized and began to attack the donors for their "hypocrisy." Thus, those who show us the way out of the desert, those who give us a water, were replaced by the tribal leaders with the "golden calf". Translated into the daily political language, tribal leaders deliberately provoke anti-Western sentiment on a daily basis, with long-term consequences for the plebs.

This story about the "wise" Balkan tribal leaders ends as the history teaches us. He who does not learn from their past mistakes on time, will constantly return to the first scale. That is why the Balkan nations, lost in the translation, ordered themselves next to Estrogan and Vladimir, the unfortunates of the Samuel Beckett, "Waiting for Godot".

Instead of Godot, I am sure that the donor will come, in a new light and with the same goal, democracy, but this time he will apply a number of other methods, instruments and mechanisms to teach us how to fish, but with honesty and no deception.


Associate Professor Oliver Andonov, PhD


コメント


Oliver Andonov 3.jpg

Ви благодарам што ме следите!

Пријавете се да ги добивате новите постови

Ви благодарам

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • Pinterest
bottom of page