top of page

ЈАВЕН ДЕМАНТ

Почитувани,


Преку овој пост на мојот блог објавувам ЈАВЕН ДЕМАНТ на објавената информација на pressingtv.mk насловена како „Несмеете да бидете актер во политичко ништење на македонскиот народ и држава - близу 200 јавни личности со допис до претседателот Пендаровски“, од 06.07.2022 година, објавена во 12.07 часот.

Имено, во објавата како дел од потпишаните во отвореното писмо е спомената и моето име (со погрешно презиме „Андоновски“, но според научната област која е дадена верувам дека се работи за мене, бидејќи не познавам друг во областа со исто име и исто или слично презиме). ЈАВНО ДЕМАНТИРАМ дека сум потписник на било каква иницијатива во последен период и не сум воопшто прашан да бидам дел од оваа иницијатива и писмо до Пендаровски.

Драги пријатели, Македонци, сонародници, сограѓани, јас моите ставови во врска со таканаречениот „француски предлог“ јавно ги имам искажано и објавено во последнава недела во две колумни и една анализа токму на Протоколот, впрочем како што во некои претходни колумни јавно ги имам кажано и моите ставови во врска со Пендаровски и неговите „политики“ .

Јас моите ставови јавно ги промовирам низ колумни и анализи за актуелните политичко-општествени состојби во Македонија и не сакам да се прикривам зад било која група на интелектуалци. Може да се согласам со некои ставови изнезнесени во писмото до Пендаровски, но никако неможам да прифатам одредени центри на политиканство да го злоупотребуваат моето име. Посебно не се согласувам кога тоа е иницирано од псевдополитичарите од кругот на Мицкоски.

Манипулациите и злоупотребата со името на било кој човек е срамотно и недозволиво , а особено манипулациите и злоупотребите на општествено-политичките ставови на јавни личности, универзитетски професори е сериозно прашање кое директно манипулира со создавањето на јавното мислење и перцепција за таа личност, но особено претставува нарушување и злоупотреба на демократијата.

Во иднина кога сакате моја поддршка за некаква активност можете слободно да ме искомуницирате и консултирате, нема никаква потреба од вака тривијални манипулации со јавноста преку злоупотреби на моето име, посебно кога моите ставови се јавни, јасни, десничарски и пред се про-македонски.

Во овие судбоносни моменти треба да се постапува со топло срце, но пред се со ладна глава.

Следете ги моите ставови кои јавно ќе ги споделувам со македонската јавност на оваа моја блог страна.


Вонреден професор д-р Оливер Андонов




Comments


Oliver Andonov 3.jpg

Ви благодарам што ме следите!

Пријавете се да ги добивате новите постови

Ви благодарам

  • Facebook
  • Instagram
  • Twitter
  • Pinterest
bottom of page